Постоскаровската забава на „Vanity Fair“ се чини го собира цел Холивуд на едно место. И Џесика Алба не ја прескокна најжешката свеченост.
37-годишната актерка и бизнис дама позираше самоуверено во црна комбинација. Асиметричниот фустан со гол грб го потпишува Нарцисо Родригез, а чевлите се дело на Џими Чу.
Пред бројните фоторепоретри, Алба си размени бакнежи со сопругот Кеш Ворен. Парот е во брак 10 години и има три деца.