Филмот „Bohemian Rhapsody“ ќе ја раскаже приказната за легендарниот британски рок бенд Queen.
Првиот трејлер дозволува да ѕирнеме како се развиваше музичката кариера на талентираните Фреди Меркјури, Брајан Меј, Џон Дикон и Роџер Тејлор.
Погледнете го видеото:
Филмот ќе започне да се прикажува на 2 ноември оваа година.
Рами Малек, ѕвездата од серијата „Mr. Robot“, ќе го глуми Меркјури. Фреди почина поради компликации од СИДА на 24 ноември 1991 година. Погледнете како изгледа Рами во улогата на Фреди: