Џенифер Лопез беше поканета на 91. издание на Оскар за да додели една од златните статуетки.
49-годишната пејачка и актерка буквално блескаше на свеченоста која се одржа во Долби театарот во Холивуд. Фустанот, кој изгледаше како мозак од огледалца и ја истакнуваше нејзината фигура, е дело на Том Форд.
Џеј Ло се појави на црвениот тепих со својот партнер Алекс Родригез.
Лопез заедно со актерот Крис Еванс ја доделија наградата за Production Design.