Иако Ким Кардашијан и Кание Вест тврдеа дека сакаат Норт Вест да расте подалеку од светлината на медиумските рефлектори, уште на 13 месеци малото девојче стана модел.
Норт се најде на страниците на CR Fashion Book, списанието за стил на поранешната главна уредничка на „Вог“ Париз, Карин Ројтфелд.
На фотографијата Норт носи брош и држи чанта од Шанел. Девојчето е најмладата ѕвезда во модната сторија „Легенди“. „Никогаш не е прерано за да се интересираш за модата“ е коментарот на дизајнерот Карл Лагерфелд.
Со оваа фотографија, уредниците на списанието алудираат дека Норт ја очекува светла иднина во модната индустрија.
Во изминативе денови Ким неколкупати беше фотографирана заедно со Норт.