Ким Кардашијан и Кание Вест станаа родители. 32-годишната телевизиска ѕвезда роди девојче, еден месец предвреме во болница во Лос Анџелес.

Според првите информации од странските медиуми, Ким се породила природно, а таа и бебето се во добра здравствена состојба.
По долгогодишно пријателство, Ким и Кание започнаа врска во април минатата година. Кон крајот на истата година, познатиот рапер објави дека го очекуваат нивното прво дете.