Ким Кардашијан и Кание Вест ќе добијат ќерка. 32-годишната телевизиска ѕвезда го откри полот на првото дете во новата епизода на реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“.
„Многу сум возбудена што ќе имаме девојче. Кој не сака девојче? Знам дека тоа Кание отсекогаш го сакал. Тој сакаше мало девојче“ – изјавила Ким.
Во новата епизода, камерите ја следеа Ким на преглед, каде таа, нејзините сестри Кортни и Клое и нејзината мајка Крис Џенер го дознаа полот на бебето. Кание беше отсутен.
Кание ја објави веста за бременоста во декември, за време на негов концерт. Се очекува Ким да се породи наредниот месец.