Кејт Винслет го очекува своето трето дете. Ова е прво дете на 37-годишната ѕвезда од „Titanic“ со новиот сопруг Нед Рокенрол.

„Можам да потврдам дека Кејт Винслет е бремена и дека таа и Нед Рокенрол се пресреќни. Бебето ќе се роди кон крајот на годинава“ – потврдил претставник на актерката.
Оскаровката е веќе мајка на две деца, 12-годишната Миа и 9-годишниот Џо.
Кејт и Нед тајно се венчаа во декември минатата година, по едногодишна врска.