Кејт Винслет по третпат го изговори судбоносното „Да“. 37-годишната актерка стапи во брак со Нед Рокенрол во Њујорк.
На тајната свадбена церемонија присуствувале малкумина од најблиските роднини и пријатели на среќниот пар, меѓу кои и двете деца на Кејт. Дури ни родителите на младоженците не знаеле за свадбата.
Леонардо Дикаприо ја испратил својата колешка од „Титаник“ до олтарот и му ја предал нејзината рака на 34-годишниот внук на милијардерот Ричард Бренсон.
Кејт и Нед се заедно нешто повеќе од една година.