Кети Пери и Орландо Блум зачекорија заедно на премиерата на серијата „Carnival Row“ во Лос Анџелес.
34-годишната пејачка и 42-годишниот актер си разменуваа бакнежи на црниот тепих, додека беа фотографирани од бројните фоторепортери.
Музичката ѕвезда носеше розова креација од Том Форд.
Пери и Блум се верија на Денот на вљубените оваа година. Тие започнаа да се состануваат на почетокот на 2016 година, но беа разделени неколку месеци во 2017 пред повторно да ја обноват врската.