Изминатиот викенд, Кети Пери и Орландо Блум слетаа во Италија за да ѝ се насладуваат на убавините на Венеција.
36-годишната пејачка и 44-годишниот актер беа фотографирани од папараците додека се бакнуваа и уживаа возејќи се на гондола.
Парот е во Венеција заедно со ќеркичката Дејзи Доув, со која тие подоцна беа видени на прошетка.
Нивната ќерка се роди во август минатата година.