Кети Пери и Орландо Блум имаат прекрасна вест – ќе добијат бебенце.
Среќната вест беше откриена со објавувањето на новиот спот на славната пејачка. Во видеозаписот за „Never Worn White“ таа се појавува со пораснато трудничко стомаче.
„Ох Боже, толку ми е мило што не треба да го собирам стомакот повеќе или да носам голема чанта“ – напиша Кети на Twitter по објавувањето на спотот.
omg so glad I don’t have to suck it in anymore
— KATY PERRY (@katyperry) March 5, 2020
or carry around a big purse lol
— KATY PERRY (@katyperry) March 5, 2020
Орландо има и 9-годишен син со поранешната сопруга Миранда Кер.
Пери и Блум започнаа да се состануваат кон почетокот на 2016 година, а се верија минатата година на Денот на вљубените.