Емра Куртишова и Петар Стојанов минатата недела го изговорија судбоносното „ДА“. Македонските актери споделија фотографии од најсреќниот ден во нивните животи.
Емра, која е позната по улогата на Исаура во серијата „Преспав“, на првата свадбена фотографија напиша: „Мој е, си го земав“.
„Драги пријатели, ви благодариме од сè срце на вашите честитки. Да сте секогаш среќни и исполнети“ – напиша Петар.
Емра и Петар се запознале во Театарот за деца и младинци, каде се колеги. Тие се заедно повеќе од три години.