Емра Куртишова и Петар Стојанов станаа родители. Македонските актери ја споделија среќната вест со нивните следбеници на Instagram.
Ѕвездата од серијата „Преспав“, која ја глуми Исаура, откри дека со саканиот добија ќеркичка, која ќе се вика Лена.
„Добредојде бејби Лена. Те сакаме до месечината и назад“ – стои на објавата на Емра.
„Емра ми ја подари нај големата среќа. Ни се роди ќерка... Лена ... Нека е жива и здрава!“ – напиша Петар на Facebook.
Емра и Петар се запознале во Театарот за деца и младинци, каде се колеги. Тие се заедно речиси четири години, а стапија во брак во јуни оваа година.