Емра Куртишова и Петар Стојанов уживат во среќните денови како нови родители. Македонските актери пред речиси два месеци ја добија ќеркичката Лена и постојано споделуваат дека таа им донесе неизмерна радост.
Ѕвездата од серијата „Преспав“, која ја глуми Исаура, објави видео со фотографии од важни моменти од нивниот живот. „Двата најважни денови во твојот живот се денот кога ќе се родиш и денот кога ќе дознаеш зошто“ – напиша Емра.
Раѓањето на ќеркичката и нејзиното растење, веридбата и свадбата со Петар... погледнете ги фотографиите:
Емра и Петар се запознале во Театарот за деца и младинци, каде се колеги. Тие се заедно четири години, а стапија во брак во јуни оваа година.