Ирина Шајк и Бредли Купер присуствуваа на гала вечера по повод доделувањето на „National Board of Review Awards“. На свеченоста, 44-годишниот актер се закити со наградата Најдобар режисер, за филмот „A Star Is Born“, во кој за првпат се јавува во улога на режисер.
Холивудскиот шармер и убавата Русинка мамеа погледи во модерни карирани стајлинзи.
33-годишната манекенка избра шик црвена креација и беретка од Версаче, кои ги искомбинира со црни чизми и чантичка. Костумот на Купер е дело на модната куќа Гучи.







Лејди Гага ја освои наградата Најдобра актерка за истиот филм.

