Ирина Шајк беше во фокусот на многу шпекулации во периодот пред и околу Оскар, затоа што многу таблоиди неосновано создаваа врева околу наводната врска на Бредли Купер со Лејди Гага.
По стивнувањето на таквите гласини, Ирина се посвети на релаксација. Славната Русинка беше фотографирана додека уживаше на плажа во Мајами.









Неколку дена претходно, Ирина беше фотографирана со Бредли и малата Леа додека си заминуваа од куќата на Џенифер Гарнер.




33-годишната убавица беше уловена од папараците и за време на прошетка со малата ќерка.



