Ерик Дејн присуствуваше на премиерата на „Bad Boys: Ride or Die“ со двете ќерки.
Но, 51-годишниот актер од „Grey’s Anatomy“, 14-годишната Били и 12-годишната Џорџија привлекоа лавина од негативни коментари. Многумина го критикуваа Ерик што им дозволува на двете тинејџерки да се облекуваат со корсети и мини здолништа.
„Овие девојки се премногу млади за да се облекуваат така. Сфаќам дека е премиера на филм, но Ерик, тие ти се ќерки, треба да им поставиш граници.“
„Интересно е што сите коментари се за несоодветната облека на неговите ќерки, а не за филмот. Добро е да се види дека многу од нас сè уште имаат морал и стандарди.“
„Зошто 12-годишно девојче носи корсет и мини здолниште?“
„Кога започнаа децата да се облекуваат на овој начин?“
„Како горд татко, би ги натерал овие девојки да стават облека на себе. Тотално несоодветно“
„Овие аутфити дефинитивно не се соодветни за толку млади девојки. Тие се деца, а не возрасни“ – се дел од коментарите.
Ѕвездата од хит-серијата „Grey’s Anatomy“ ги доби ќерките додека беше во брак со актерката Ребека Гејхарт, со која се разведе во февруари 2018 година.