Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Згодниот Крис Хемсворт беше прогласен за Маж на годината од „GQ“ Австралија

Згодниот Крис Хемсворт беше прогласен за Маж на годината од „GQ“ Австралија

Згодниот и мускулест Крис Хемсворт беше прогласен за Маж на годината од страна на машкото списание „GQ“ Австралија.

По тој повод, 33-годишниот актер сними фотосесија за најновото издание на списанието, кое го опишува Крис како австралиска икона, семеен човек и најфиниот маж во Холивуд, кој зад себе ја имаше најдобрата година до сега.

Крис Хемсворт Крис Хемсворт Крис Хемсворт Крис Хемсворт

Колегите на Крис од филмот „Thor“ споделија за „GQ“ што мислат за него.

„Едно утро го гледав Крис на снимањето на важна сцена од Thor: Ragnarok. Сцената бараше многу детали, но тој сакаше да ја сними брзо за да заврши со снимањето до времето за ручек, бидејќи попладнето имаше родителски состанок меѓу татковци и ќерки на училиште. Тоа е Маж на годината ако некогаш сум запознал таков“ – рекол Том Хиделстон.

„Крис е еден од ретките таленти кои се истовремено физички совршени и вистински талентирани. Тој е еден од најљубезните и најпосветените актери“ – изјавил Марк Рафало.

Говорот на Крис по прогласувањето за Маж на годината

Машкото списание ја прогласи Иги Азалија за Жена на годината.

Крис Хемсворт Крис Хемсворт

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18972 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.