Синоќа во Лос Анџелес се одржа премиерата на „Avengers: Endgame“, каде присуствуваа бројни актери кои влегуваат во улогите на суперхероите на Марвел.
Крис Хемсворт, кој го глуми Тор, на виолетовиот тепих беше придружуван од сопругата Елза Патаки која носеше бел комбинезон.
Лиам Хемсворт и Мајли Сајрус не пропуштија да ја дадат својата поддршка. Славната пејачка за свеченоста избра црн фустан со исечок под градите. И двајцата беа облечени во креации од Сен Лоран.
Скарлет Јохансон, која влегува во улогата на Црната Вдовица, зачекори на филмскиот настан во блескав фустан од Версаче. Убавата актерка се појави заедно со своето момче Колин Џост.
Мет Дејмон позираше пред фоторепортерите прегрнат со сопругата Луисана.
Роберт Дауни Џуниор и неговата сопруга Сузан шеговито позираа на виолетовиот тепих.
Бенедикт Камбербач, кој го глуми Доктор Стрејнџ, се појави со сопругата Софи Хантер.
Марк Рафало (Хулк) ја доби поддршката од сопругата Санрајс и трите деца.
Бри Ларсон, која ја глуми капетанката Марвел, носеше долг фустан од Celine и сандали Christian Louboutin.
Натали Портман шармираше во креација Диор.
Коби Смолдерс се појави со сопругот Таран.
На премиерата присуствуваа и Крис Еванс (Капетан Америка), Џош Бролин (Танос), Џереми Ренер (Хокај), Зои Салдана (Гамора), Елизабет Олсен (Ванда Максимов, Скарлет Вич), Гвинет Палтроу (Пепер Потс) и Бредли Купер (ракунот Рокет).