Крис Хемсворт официјално е најсекси маж за 2014 година. Списанието „People“ му ја додели титулата на 31-годишниот актер кој освојува обожаватели со улогата на супер херој во филмовите „The Avengers“, а кој наскоро ќе го видиме како хакер во „Blackhat“.
Згодниот Австралиец, кој е во брак со шпанската актерка Елза Патаки, изјавил дека неговата нова титула е извор на многу шеги со сопругата и двајцата браќа. „Мислам дека ми дадовте право неколку недели да се фалам низ дома. Можам да ѝ велам: сега запомни, вака мислат луѓето, па не треба да мијам чинии повеќе, не морам да менувам пелени. Јас сум над сето тоа. Сега успеав“ – рекол тој во интервју за списанието.
Хемсворт изјавил и дека негова голема желба е да поминува што повеќе време во неговиот дом во Австралија со сопругата и трите мали деца.
Минатата година титулата „најсекси маж“ ја доби Адам Левин, а претходни носители се и Ченинг Тејтум, Бредли Купер, Рајан Рејнолдс, Бред Пит, Џони Деп, Хју Џекман, Џорџ Клуни и Ричард Гир.
Погледнете го изборот на списанието во изминативе години:
Мел Гибсон
1985
Марк Хармон
1986
Хари Хамлин
1987
Џон Кенеди Џуниор
1988
Шон Конери
1989
Том Круз
1990
Патрик Свејзи
1991
Ник Нолт
1992
Ричард Гир
Ричард и Синди беа прогласени за Најсекси пар во 1993
Бред Пит
1995 (немаше доделување на титула во 1994 година)
Дензел Вашингтон
1996
Џорџ Клуни
1997
Харисон Форд
1998
Ричард Гир
1999
Бред Пит
2000
Пирс Броснан
2001
Бен Афлек
2002
Џони Деп
2003
Џад Лоу
2004
Метју Меконахи
2005
Џорџ Клуни
2006
Мет Дејмон
2007
Хју Џекман
2008
Џони Деп
2009
Рајан Рејнолдс
2010
Бредли Купер
2011