Крис Хемсворт доби голема поддршка на премиерата на најновиот филм „Thor: Love and Thunder“.
38-годишниот холивудски актер беше придружуван од сопругата Елза Патаки и нивните две синчиња – Тристан и Саша.
Славното семејство во елегантно издание позираше на црвениот тепих во Сиднеј.
На црвениот тепих, тие позираа и со таткото на Крис, како и со брат му Лук со неговата сопруга.
Пред неколку дена се одржа премиерата на најновиот филм за суперхеројот Тор во Лос Анџелес.
На овој настан, 45-годишната актерка блескаше во бела креација со длабоко деколте.