Софија Вергара и Џо Манганиело се меѓу најзгодните холивудски парови. Славната двојка ги отвори вратите на својот прекрасен нов дом во Лос Анџелес за списанието Hola!.
44-годишната ѕвезда од „Modern Family“ со гордост позираше во куќата која ја декорираше заедно со 40-годишниот актер од „Magic Mike“, кој призна дека бил задолжен за уметничките дела.
Популарните актери си го кажаа судбоносното „да“ на свечена церемонија во Флорида во 2015 година. Невестата блескаше во венчаница од дизајнерот Зухаир Мурад и накит од Лорејн Шварц.