Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ејми Вајнхаус повторно во болница

Ејми Вајнхаус повторно во болница

Ејми ВајнхаусЕјми гордо ги покажува новите гради.

Очигледно на Ејми Вајнхаус ѝ е многу тешко да остане понастрана од болниците. Овој пат, причина за нејзиниот престој во болница е лоша реакција од мешањето на различни лекови.

Популарната пејачка е примена вчера вечерта во лондонска клиника поради тоа што лековите за настинка кои ги испила направиле реакција со лековите за одвикнување од наркотици кои таа редовно ги прима.

„Во неделата кога се разбуди се почувствува многу лошо. Докторот кој дојде кај неа дома ја советуваше да оди во болница за да проверат дали сè е во ред. Таму ја задржаа преку ноќта.“ – пишува Daily Mirror, потпирајќи се на изјава на анонимен извор.

Во меѓувреме Вајнхаус наводно изјавила дека сака да го поправи со пластична операција својот нос, кој бил „како на вештерка“.

Најверојатно Ејми е толку задоволна од зголемувањето на нејзините гради, што сега постојано сака да го менува своето тело со пластична хирургија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.