Ејми Вајнхаус продолжува да живее преку својата музика. Постхумно е објавен видео записот за нејзиниот најнов сингл „Our Day Will Come“.
Спотот е монтажа од фотографии и снимки од Ејми, направени на нејзините настапи, концерти и во приватниот живот.
„Our Day Will Come“ е преработка на истоимениот сингл на групата „Ruby & The Romantics“, кој беше хит во 1963 година. Песната е дел од првиот постхумен албум на Ејми, насловен како „Lioness: Hidden Treasures“.