Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Катастрофален настап на пијаната Ејми Вајнхаус во Белград

ВИДЕО: Катастрофален настап на пијаната Ејми Вајнхаус во Белград

Настапот на Ејми Вајнхаус во Белград дефинитивно може да се нарече најлошиот концерт којшто белградската публика го видела, а српските медиуми не штедат лоши зборови за што попрецизно да го опишат.

За време на 90-минутниот настап, проблематичната Ејми, очигледно под дејство на алкохол, се бореше да стои на нозе и да се присети на текстовите на своите песни. Додека публиката очекуваше Ејми да запее, таа разговараше со членовите на бендот, седеше на сцената и мрмореше на микрофонот. Во еден момент таа падна додека ја соблекуваше својата обувка за потоа да ја фрли, а додека го исполнуваше хитот „Back to Black“, Вајнхаус го фрли и микрофонот.

Публиката е разочарана од настапот и повеќето присутни сметаат дека концертот требало да биде одложен од организаторите. На концертот присуствувале околу 20 000 обожаватели.

Концертот во Белград го означи почетокот на Европската турнеја на 27-годишната пејачка. За да помине без инциденти, од сите соби на пејачката и нејзината екипа бил отстранет алкохолот.

Ејми веќе подолго време се бори со својата зависност од дрога и алкохол. Пред само две недели таа повторно престојуваше во центар за рехабилитација. Се сметаше дека оваа турнеја ќе биде нов почеток за неа.

Еве како изгледаше настапот на Ејми:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.