Музичкото видео на Ејми Вајнхаус и Тони Бенет ја доживеа својата премиера. Спотот беше објавен денес, кога Ејми требаше да наполни 28 години.
„Снимањето со Ејми Вајнхаус беше возбудливо. Тоа е доказ за нејзината артистична генијалност и нејзината брилијантност како еден од најискрените музичари што сум ги познавал. Мислам дека таа беше апсолутно брилијантна и оваа снимка навистина ја доловува суштината на нејзината уникатна уметност. Таа беше редок талент“ – изјавил несекојдневниот вокал, Тони Бенет.
Спотот ги прикажува Тони и Ејми за време на снимањето на дуетот во студиото Abbey Road во Лондон.