Вчера беа објавени номинациите за Греми наградите. На концертот за објавување на номинациите стана јасно дека Еминем е во водство со 10 номинации.
Неговиот најнов албум „Recovery“ е номиниран за Албум на годината, а неговиот дует со Ријана „Love the Way you Lie“ доби две номинации.
Втор по број на номинации е пејачот Бруно Марс кој доби 7 номинации и вчера настапи на сцената со неговиот хит „Just The Way You Are“.
По шест номинации добија Лејди Гага, Џеј-Зи и Лејди Антебелум.
Мајкл Џексон е номиниран за Најдобра поп машка изведба за песната „This is It“, а Џастин Бибер и Дрејк добија номинации во категоријата за Најдобар нов изведувач.
Доделувањето на Греми наградите ќе се одржи на 13. февруари наредната година.