Хејли Скот ќе заплива во брачните води. 27-годишната ќерка на Еминем сподели дека се вери објавувајќи фотографии од запросувањето на Instagram.
На нив, нејзиниот сакан Еван МекКлинток клечи на едно колено и ѝ го поставува судбоносното прашање.
Хејли и Еван се заедно шест години.
Семејствата на идните младенци со радост ја дочекаа среќната вест. „Не би можела да бидам посреќна за вас двајцата. Едвај го очекувам ова поглавје од животот со вас“ – напиша нејзината сестра Алаина Мари Скот.
Хејли е ќерка на Еминем и Кимберли Ен Скот, кои двапати имаа стапено во брак. Тие се разведоа по вторпат во 2006 година, но се согласија на заедничко старателство над Хејли.
Хејли е ѕвезда на Instagram со 3 милиони следбеници. Хејли Скот постојано примамува нови обожаватели да ги следат нејзините стилски приказни и вели дека се обидува да создаде профил кој го претставува нејзиниот живот и кој е естетски привлечен. Нејзин сон бил да стекне популарност на социјалната мрежа за споделување фотографии, а неодамна го креираше и својот поткаст justalittleshadypodcast.