Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Адел доминираше на Греми 2017

Адел доминираше на Греми 2017

Стејплс центарот во Лос Анџелес синоќа беше локацијата каде што се собраа најголемите ѕвезди од музичката индустрија. На 59-тото по ред свечено доделување на „Греми“ беа наградени најдобрите музички имиња за годината која измина, а гостите ги забавуваше водителот Џејмс Корден.

Адел доминираше на листата на победници со пет освоени Греми статуетки, меѓу кои Најдобар албум и Најдобар вокелен албум за „25“. Хитот на 28-годишната музичка ѕвезда „Hello“ победи во најпосакуваните категории Песна на годината и Запис на годината и ѝ ја донесе на Адел наградата за Најдобра соло поп изведба.

Греми 2017

Покојниот музичар Дејвид Боуви постхумно доби пет награди за „Blackstar“, меѓу кои за Најдобра рок изведба, Најдобра рок песна и Најдобар алтернативен албум. За Најдобар рок албум беше избран „Tell Me I’m Pretty“ на бендот Cage the Elephant.

Дејвид Боуви

Бијонсе беше номинирана во девет категории, но успеа да триумфира само во две категории – Најдобро музичко видео за „Formation“ и Современ урбан албум за „Lemonade“.

Греми 2017

Во категориите наменети за рап музиката доминираа Дрејк и Chance the Rapper, присвојувајќи по две награди. За Најдобра рап песна беше прогласена „Hotline Bling“ на Дрејк, а за Најдобар рап албум беше прогласен „Coloring Book“ на Chance the Rapper.

Греми 2017

КРАТКА ЛИСТА НА ПОБЕДНИЦИ

Record of the Year: „Hello“ – Adele
Album of the Year: „25“ – Adele
Song of the Year: „Hello“ – Adele Adkins & Greg Kurstin, songwriters (Adele)
Best New Artist: Chance the Rapper
Best Pop Solo Performance: „Hello“ – Adele
Best Pop Duo/Group Performance: „Stressed Out“ – Twenty One Pilots
Best Pop Vocal Album: „25“ – Adele
Traditional Pop Vocal Album: „Summertime: Willie Nelson Sings Gershwin “ – Willie Nelson
Best Dance/Electronic Album: „Skin“ – Flume
Best Rock Performance: „Blackstar“ – David Bowie
Best Rock Song: „Blackstar“ – David Bowie
Best Rock Album: „Tell Me I’m Pretty“ – Cage the Elephant
Best R&B Album: „Lalah Hathaway Live“ – Lalah Hathaway
Best R&B Song: „Lake By the Ocean“ – Hod David & Musze, songwriters (Maxwell)
Best R&B Performance: „Cranes in the Sky“ – Solange
Best Rap Album: „Coloring Book“ – Chance the Rapper
Best Rap Song: „Hotline Bling“ – Aubrey Graham & Paul Jefferies, songwriters (Drake)
Best Rap Performance: „No Problem“ – Chance the Rapper Featuring Lil Wayne & 2 Chainz
Best Rap/Sung Collaboration: „Hotline Bling“ – Drake
Best Urban Contemporary Album: „Lemonade“ – Beyoncé
Best Country Song: „Humble and Kind“ – Lori McKenna, songwriter (Tim McGraw)
Best Country Album: „A Sailor’s Guide to Earth“ – Sturgill Simpson
Best Music Video: „Formation“ – Beyoncé

Целосната листа на победници можете да ја погледнете тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19710 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.