Синди Крафорд и Каја Гербер ја разубавуваа церемонијата по повод доделувањето на наградите на списанието InStyle.
55-годишната убавица и нејзината 20-годишна ќерка заедно позираа на црниот тепих и со гостите, меѓу кои беа и дизајнерот Мајкл Корс и актерката Кејт Хадсон.
Синди носеше колоритен припиен фустан од Мисони, а Каја избра гламурозен фустан од Александар МекКвин.
Елегантното дуо сними и кратко видео во кое излегува од лифт во рамките на мини проектот #InstyleElevator.