Синоќа, во Њујорк се одржа забава по повод 120-годишнината од постоењето на престижниот бренд OMEGA.
На овој настан присуствуваа нивни бројни соработници и познати личности, а како препознатливи бренд амбасадори, Синди Крафорд и Каја Гербер не пропуштија да бидат дел од прославата.
Славното дуо мајка-ќерка позираше пред фоторепортерите носејќи црни креации и елегантни OMEGA часовници.
Синди негува долга соработка со OMEGA, која започнала во 1995 година.
Кога и да се појават заедно, Каја веднаш е споредувана со својата славна мајка и е нарекувана нејзина копија.
Официјален претставник на Omega во Македонија е „Божиновски часовници и накит“.