Синди Крафорд го прослави Божиќ со своето семејство на плажа во Мајами. Папараците го уловија славното семејство додека уживаше и се релаксираше под сончевите зраци.
Фотографиите од 15-годишната ќерка на Синди се уште еден доказ дека добриот изглед е во гените. Иако Каја е веќе модел, откако беше фотографирана по бикини, многумина потенцираа дека таа ќе ја наследи својата славна мајка во модниот свет.
50-годишниот поранешен супермодел беше придружуван и од сопругот Ренди Гербер и синот Присли.