Лејди Гага се закити со наградата Најдобра актерка на синоќешната гала на „National Board of Review Awards“.
На свеченоста во Њујорк, 32-годишната актерка и пејачка мамеше погледи во црна креација од Ралф Лорен, црни салонки од Џанвито Роси и накит од Месика. Својот изглед, таа го надополни со моден додаток со златни и црни пердуви.












Славната пејачка ја доби наградата за својата улога во филмот „A Star Is Born“, додека за истиот филм, на Бредли Купер му беше врачена наградата за Најдобар режисер. Двајцата си честитаа за признанијата и заедно позираа на настанот.







Лејди Гага се поздравуваше и фотографираше со гостите на галата.






