Ед Ширан настапи на комеморацијата на австралиската музичка легенда Мајкл Гудински.
30-годишниот пејач ги отпеа хитовите „Castle On The Hill“ и „The A Team“, а потоа ја изведе новата балада „Visiting Hours“.
Додека пееше и свиреше во чест на неговиот пријател и соработник, Ширан беше надвладеан од емоции.

На настанот во Мелбурн настапи и Кајли Миног, а виртуелно се вклучија и повеќе ѕвезди како Брус Спрингстин, Елтон Џон и Тејлор Свифт.

Гудински, нарекуван и „татко на австралиската музичка индустрија“, почина во сон на 68-годишна возраст.