Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ѕвезда со големо срце: Ед Ширан ѝ подари гитара со автограм на обожавателка со неизлечива болест

Ѕвезда со големо срце: Ед Ширан ѝ подари гитара со автограм на обожавателка со неизлечива болест

Ед Ширан има големо срце и добра душа. Славниот музичар му подари гитара со свој автограм на мало девојче кое се бори со неизлечива болест, со цел да му помогне на семејството околу финансиските трошоци.

Ед Ширан и Мелоди

Имено, Мелоди Дрискол има Рет синдром, ретка генетска болест на мозокот за која нема лек, но постојано мора да прима лекарства.

Семејството на Мелоди моментално води правна битка со болницата во која се лекува таа, бидејќи докторите ѝ забраниле да продолжи да прима одредени лекови против болки, зашто имало шанси да ѝ го оштетат црниот дроб. Но, овој потег предизвикал силни болки кај малата пациентка.

Родителите сакаат нивната ќерка да води мирен и спокоен живот во времето и годините кои ѝ остануваат. „Попрво би сакала да ја гледам Мелоди да живее една година исполнета со среќа, отколку пет години со болка“ – изјавила загрижената мајка.

Ед Ширан и Мелоди Ед Ширан и Мелоди Ед Ширан и Мелоди Ед Ширан и Мелоди

27-годишниот пејач и 11-годишната Мелоди се запознале во 2016 година и оттогаш одржуваат блиски контакти. „Тие имаат многу блиска врска. Ед ѝ испраќа на Мелоди видео пораки и ѝ подари iPad за да може да ја слуша неговата музика. Таа апсолутно го обожава“ – вели мајката Карина. „Од моментот кога ја запозна, тој никогаш не ја третираше поразлично, затоа навистина го почитуваме. Прекрасен гест од негова страна што истапи и се понуди да ни помогне да собереме пари за да се осигури дека Мелоди ќе има подобар живот“ – додале родителите, кои се исправени пред правна битка од 50.000 фунти.

Ед Ширан и Мелоди Ед Ширан и Мелоди Ед Ширан и Мелоди Ед Ширан и Мелоди Ед Ширан и Мелоди Ед Ширан и Мелоди Ед Ширан и Мелоди Ед Ширан и Мелоди

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20830 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.