Ева Мендес се отвори за приватниот живот во интервју за „Women’s Health“ и сними елегатно-спортски едиторијал.


45-годишната актерка, која има две ќерки со Рајан Гослинг, сподели дека пред врската со него децата биле последното нешто за кое размислувала.
„Тоа ми беа најдалечни мисли“ – изјави таа за потомството. На прашањето што ја премислило во однос на мајчинството, таа одговорила: „Рајан Гослинг се случи. Вљубувањето во него. Тогаш имаше смисла да имам... не деца, туку негови деца.“



Ева проговори и за нејзината мајка и сиромашното детство. „Таа беше мајката во Куба која мораше да изоди долг пат за да наполни вода од бунар. Извесно време тоа беше реалност за неа, па затоа неверојатно многу ја почитувам и ценам... Немавме многу додека растев. Мајка ми ќе речеше: 'Колку и малку да имаме ние, постојат луѓе кои имаат помалку.' Таа ме натера да ценам сè уште од мали нозе“ – рекла Мендес.
Откако стана мајка на 4-годишната Есмералда и 3-годишната Амада, Ева е дистанцирана од Холивуд и посветена на улогата на мајка. „Сега се чувствувам поамбициозна дома одошто на работа“ – признава таа.



Ева моментално е најангажирана околу нејзината модна линија за New York & Co.