Ева Лонгорија повторно е слободна жена. Згодната актерка ја прекина неколкумесечната врска со Марк Санчез.
„Марк ја обожава и почитува Ева. Тие ќе останат пријатели“ – изјавил претставник на американскиот квотербек.
„Нема драма. Тие само имаат сосема различни работни распореди и различен начин на живот... Тој сака да излегува и да се забавува. Таа е повеќе фокусирана на нејзината кариера и филантропската работа“ – изјавил анонимен извор.
Раскинувањето се случи само еден месец откако Ева јавно ја објави врската со 25-годишниот спортист. Претходно таа беше во врска со братот на Пенелопе Круз, Едуардо.