Неколку месеци Ева Лонгорија успешно ги избегнуваше прашањата на медиумите за нејзиниот љубовен живот. Но, кога застана пред својот добар пријател Марио Лопез во шоуто „Extra“, Ева одлучи да потврди дека американскиот квотербек Марк Санчез е новиот маж во нејзиниот живот.
„Јас и Марк сме... знаете, добро, ние сме среќни. Се гледаме“ – изјави Ева, како одговор на притисокот да ја признае јавно новата врска.
37-годишната актерка и 25-годишниот спортист досега биле видени заедно во повеќе прилики во текот на летото.
Ева пред неколку месеци раскина со Едуардо Круз, братот на актерката Пенелопе Круз. Претходно беше во брак со кошаркарот Тони Паркер. Нивниот брак заврши поради неверство на Тони.