Познатата актерка Ева Лонгорија и нејзиниот сопруг Тони Паркер создадоа видео со сцени од култниот мјузикл Брилијантин (Grease), во кое тие се во главните улоги.
Хумористичното видео треба да промовира натпревар организиран од нив. Сите обожаватели се поканети од холивудската двојка да создаваат интересни хумористични видеа, а победникот ќе има шанса да се запознае со нив на еден од кошаркарските натпревари на Тони. Интересниот натпревар трае до 31 декември.
Прекрасната „очајна домаќинка“, облечена во светол жолт фустан и перика и Тони Паркер, кој исто така се обидува да ја долови атмосферата од филмот со перика и кожна јакна, го избрале овој филм затоа што бил омилен на Ева.
„Со жена ми создадовме мало видео. Сега е ваша работа да направите колку што можете најдобро видео. Мора да биде комедија, да носите костими и да ги движите усните.“ – изјавил познатиот кошаркар.
Погледнете го видеото за песната „Summer Nights“ во изведба на славната двојка.