Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ева Лонгорија: „Господ ми донесе успех“

Ева Лонгорија: „Господ ми донесе успех“

Ева Лонгорија

Прекрасната очајна домаќинка Ева Лонгорија изјави дека Господ ѝ дал сила и поттик да стане актерка. Таа е уверена дека виша сила ја донесе на патот на успехот.

„Еден ден буквално реков дека сакам да станам актерка, никогаш претходно не размислував за тоа. Никогаш немав речено дека по дипломирањето сакам да станам актерка.“ – изјави феноменалната Лонгорија за списанието Prestige.

Со своите зборови, сопругата на кошаркарот Тони Паркер, ја покажа својата вера во Господ.

Многу верувам во Господ и на моменти чувствував дека неверојатна моќ од горе ме водеше и ми даде цврстина. Специјална сила ме донесе во Лос Анџелес и јас си помислив – „нема да се борам против тоа“. Се чувствував заштитена и знаев дека ми е судено да бидам таму.

Ева Лонгорија

Ева откри и дека дел од школувањето и книгите за на факултет ги исплаќала благодарение на натпреварите за убавина на кои учествувала.

На еден од тие натпревари за убавина младата Лонгорија освоила патување до Холивуд и можност да учествува во натпревар за модели. Тоа бил пресуден момент во нејзината кариера.

Оттогаш нејзината линија на успехот се движи само нагоре.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19679 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.