Фотографот Кевин Вилкс открива како изгледал еден од најшармантните холивудски актери пред да се пробие до врвот на филмската индустрија. Вилкс објави фотографии од Џорџ Клуни од времето кога тој имал само 28 години.
Промотивната фотосесија била направена во далечната 1989 година, пет години пред Клуни да се прослави со улогата на д-р Даг Рос во серијата „ER“.


Славниот актер на некои од црно-белите фотографии изгледа како рок ѕвезда со кожена јакна, обетки и долга коса, додека на други совршено го доловува изгледот на шармантен моторџија.






