Британскиот портал Mirror дојде до досега необјавени фотографии од тинејџерските денови на Анџелина Џоли. Фотосесијата со славната актерка била направена во 1991 година, кога таа имала 16 години и се обидувала да гради кариера како модел.
На повеќето од фотографиите кои се дело на Шон МекКол, познатата мајка на шест деца ја покажува својата привлечна младешка фигура во едноделни и дводелни костими за капење, а притоа користи транспарентни марами како реквизити. Минималната шминка го истакнува најпрепознатливиот дел од лицето на Џоли – усните.
Ова не е првпат на интернет да бидат објавени фотографии од младоста на сопругата на Бред Пит. Минатата година се појавија фотографии од фотосесија на Џоли снимена во 1994 година, на кои таа позира и топлес.