Бекамови беа гости на ревијата на Kent & Curwen. Како инвеститор во овој бренд за машка облека, Дејвид имаше специјално место на шоуто, а него го поддржаа Викторија и Бруклин.
43-годишниот поранешен фудбалер и 44-годишната дизајнерка си разменуваа нежности на модниот настан во Лондон.
Викторија носеше сив костум од нејзината колекција pre-fall 2019.




„Оваа колекција е многу доследна на Дејвид и неговиот стил. И шоуто беше прекрасно“ – изјавила Викторија.






Бруклин се појави на ревијата заедно со неговата нова девојка – моделот Хана Крос.









