Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Деми Ловато откри дека имаше три мозочни удари и еден срцев удар по предозирањето со наркотици

Деми Ловато откри дека имаше три мозочни удари и еден срцев удар по предозирањето со наркотици

Деми Ловато во 2018 година беше на работ на смртта. Во нов документарен филм, младата пејачка ја открива приказната за предозирањето со нарокотици.

Како последица на прекумерното користење дрога и алкохол, Деми доживеала три мозочни удари и еден срцев удар, а сподели дека и ден-денес има оштетување на мозокот.

28-годишната музичка ѕвезда во трејлерот за „Demi Lovato: Dancing With The Devil“, вели дека докторите прогнозирале дека ѝ остануваат уште 5-10 минути живот. Овој инцидент многу лесно можел да заврши фатално.

Деми Ловато

„Имав многу животи. Знаете, јас сум како мачка. Сега сум на деветтиот живот. Подготвена сум да се вратам на тоа што го сакам, а тоа е создавањето музика. Не го живеам мојот живот за другите луѓе, или насловните страници, или коментарите на Twitter“ – вели Ловато во видеото.

ВИДЕО:

Деми Ловато

Ловато неколкупати има зборувано за зависноста од дрога и алкохол, а пред инцидентот, тврдеше дека е трезна шест години. Таа не крие дека за првпат пробала кокаин кога имала само 17 години и снимала детски филмови за Дизни.

Деми со години се борела со зависност од дрога и алкохол, ментални растројства и нарушување во исхраната. Во 2010 година таа била лекувана за биполарно растројство, булимија, самоповредување и зависност од алкохол и дрога.

Деми Ловато

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.