Деми Ловато со моќен настап на Греми се врати на музичката сцена по паузата по предозирањето.
Популарната пејачка беше обземена од емоциите и на почетокот мораше накратко да го прекине настапот за ја надвладее растрепереноста. Солзи ѝ течеа додека ја пееше „Anyone“, која ја сними само четири дена пред предозирањето поради кое за малку ќе го изгубеше животот.
Видео
„Оваа песна беше напишана и снимена многу кратко време пред сè што се случи. Го снимив пеењето четири дена пред... Текстот придоби друго значење. Ја слушам сега и си мислам како никој не ја слушна песната и да си помисли: 'Да ѝ помогнеме на оваа девојка'. И јас ја снимав во состојба кога мислев дека сум во ред, а всушност не бев“ - објасни Деми.
Ловато беше пронајдена во бессознание во јули 2018 година. За среќа, медицинските лица успеаја да ја спасат, а по трагичниот настан, започна да се лекува во центар за рехабилитација.
Таа неколкупати има зборувано за зависноста од дрога и алкохол, а пред инцидентот, тврдеше дека е трезна шест години. Деми не крие дека за првпат пробала кокаин кога имала само 17 години и снимала детски филмови за Дизни. Со години се бореше со зависност од дрога и алкохол, ментални растројства и нарушување во исхраната, а во 2010 година се лекуваше за биполарно растројство, булимија, самоповредување и зависност.