Деми Ловато позираше за „Vanity Fair“, но постави три услови за фотосесијата – без шминка, без облека и без Фотошоп.
23-годишната пејачка, која во минатото се бореше со нарушување во исхраната и депресија, вели дека со новата фотосесија им покажува на другите жени дека можат да ги надминат несигурностите и комплексите за да се чувствуваат самоуверено во сопственото тело.
„Сметам дека има нешто неверојатно во идејата за фотосесија без шминка, без облека и без корекции. Мислев дека никогаш нема да стигнам дотука и да се чувствувам пријатно да го направам ова“ – изјавила таа и дополнила дека имало моменти кога го мразела секој дел од себе, но работела напорно за да се засака.
Фотографот Патрик Еклсајн признал дека бил изненаден кога Ловато му рекла: „Сакам да покажам друга страна од мене која е реална, ослободена, слободна. Што ако направиме фотосесија која е целосно природна? Супер секси, но без шминка, без фенси осветлување, без обработка и без облека. Ајде да го направиме тука, ајде да го направиме сега.“