Деми Ловато преку новиот музички спот се обидува да ја прикаже ноќта кога се предозира со наркотици и за малку ќе го изгубеше животот.
28-годишната пејачка, која долги години се бореше зависноста од дрога и алкохол, во видеозаписот за „Dancing With The Devil“ чекор по чекор ја раскажува вечерта кога била пронајдена во безсознание.
Сè започнало од една чаша алкохол, која водела до уште една и уште една, а потоа преминала на дрога. Деми откри и дека дилерот ја злоупотребил нејзината состојба таа ноќ и ја силувал.
ВИДЕО:
Само минути ја делеле Ловато од смртта. За среќа, докторите успеале да ја вратат во живот. Таа преживеала три мозочни удари и срцев удар и до ден-денес има проблеми со видот и оштетување на мозокот.