Деми Ловато се врати на музичката сцена со хит. Нејзината прва песна по рехабилитацијата, „Skyscraper“, веднаш по објавувањето доби огромна популарност и беше одлично прифатена со многу позитивни коментари.
Неколку дена по објавувањето на песната, се појави и нејзиниот спот. Во него 18-годишната пејачка на емотивен начин пренесува како е да си на темно место во животот и ја претставува борбата да се издигнеш повторно.
Во ексклузивно интервју за Рајан Сикрест, Ловато сподели дека не сакала ова видео да се врти околу шминката и фризурата или да биде екстравагантно. Наместо тоа, сакала да ја пренесе порака на најискрен можен начин.
Деми неодамна престојуваше во клиника за лечење на зависности. Таа се соочи со многу проблеми, меѓу кои и со биполарно растројство, анорексија, а и со самоповредување.