Оскаровката Гвинет Палтроу доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните.
38-годишната актерка вчера беше почестена со 2427-та ѕвезда на булеварот Холивуд. Гвинет блескаше во придружба на нејзините колеги Фејт Хил и Тим Мекгро.
„Многу ми значи да ги видам сите луѓе кои навистина ги сакам и кои секогаш ме поддржувале. Се чувствувам толку почестена, не можам да поверувам“ – изјавила Гвинет.
Гвинет има учествувано во многу популарни филмови како „Iron Man“, „Two Lovers“, „The Talented Mr. Ripley“, а во 1998г. доби Оскар за најдобра главна женска улога во филмот „Shakespeare in Love“.