Џони Деп изгледа речиси непрепознатливо во трејлер за неговиот најнов филм „Black Mass“.
Филмот е базиран на вистинска приказна за Вајти Балџер, најпознатиот криминалец во историјата на Јужен Бостон, кој соработувал со ФБИ за да совладаат мафијашко семејство кое се обидувало да ја окупира територијата.
„Тој е фасцинантен лик. Не е како ништо што досега имам работено, на тоа ниво. Многу сум возбуден што ќе влезам во таа кожа, барем за кратко време“ – рекол 51-годишниот актер за ликот кој го глуми во филмот.







Во „Black Mass“ глумат и Дакота Џонсон и Бенедикт Камбербач.